
Египет ќе ги забави државните проекти, чија реализација бара голема потрошувачка на гориво и дизел, најмалку два месеци, додека распределбата на гориво за сите владини возила ќе биде намалена за 30 проценти, изјави египетскиот премиер Мостафа Мадбули.
Мадбули изјави дека и јавниот и приватниот сектор, со исклучок на услугите и производството, ќе работат од далечина секоја недела во април, што е работен ден во Египет, пренесува Ројтерс.
Тој најави дека работењето од дома може да се продолжи за уште еден ден во неделата, или за уште неколку месеци, доколку војната во Иран продолжи.
Овој потег е дел од пошироките мерки за справување со економските последици од војната во Иран, која ги зголеми трошоците за енергија и ги оптовари јавните финансии.
Иако Египет не е директно вклучен во конфликтот, тој е силно погоден, особено во енергетскиот сектор, бидејќи зависи од увезено гориво, поради нарушувањето на производството и трговијата со нафта и гас, разни трошоци нагло се зголемија, а владата веќе ги зголеми цените на горивата и цената на јавниот превоз.











