
Акциите на Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје, НЛБ Банка Скопје, Макпетрол Скопје и Македонски Телеком Скопје се најтргувани акции од официјалниот пазар на Македонска берза во март 2026 година, покажува месечниот билтен.
Со акциите на Комерцијална банка се направени вкупно 570 трансакции, остварен е промет од 2.425,129 евра, а просечната цена на акцијата била 27.940,06 денари. Потоа следуваат: Алкалоид 304 трансакции со просечна цена 25.016,11 денари и промет од 1.149,940 евра. НЛБ Банка Скопје има146 трансакции и просечна цена на акцијата од 57.499,00 денари, прометот изнесува 537.240 евра.
Макпетрол има 107 трансакции со просечна цена 109.684,42 денари, а промет од 533.354 евра и Македонски Телеком со 81 трансакции каде просечната цена на акцијата била 499,34 денари и има остварено промет од 232.839 евра.












