Антонио Дичев доби четиригодишен мандат во Надзорниот одбор на УНИБанка

Народната банка даде „зелено светло“ за именување на Антонио Валентинов Дичев за нов член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје.

Дичев ќе ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор во наредниот четиригодишен мандат. Банката веќе ги извести инвеститорите и јавноста за оваа промена преку Македонската берза.

“Ве известуваме дека Извршниот одбор на Народна банка на РСМ со Решениe бр. 15-5516/7 од 06.04 2026 година, издаде претходна согласност за именување на г-дин Антонио Валентинов Дичев  за член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, за период од 4 (четири) години“.