Извозот од Германија се зголеми за 3,6 проценти во февруари, на 135,2 милијарди евра

Извозот од Германија се зголеми за 3,6 проценти на месечна основа во февруари и достигна тригодишен максимум од 135,2 милијарди евра, објави денес Германскиот федерален завод за статистика.

Таквиот резултат следеше по падот од 1,5 проценти во јануари и ги надмина пазарните очекувања за зголемување од еден процент, објави „Трејдинг економикс“.

Извозот во земјите-членки на Европската унија се зголеми за 5,8 проценти.