
Европските индекси денес се претежно во негативна територија, а суровата нафта „Брент“ се искачи на повеќе од 95 долари за барел по новата ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран што ги загрижи инвеститорите.
Цените на природниот гас во Европа денеска нагло пораснаа
Европските фјучерси за гас за мај се тргуваа на отворањето на берзата TTF во Амстердам по цена од 42.250 евра за мегават-час.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,17642 долари.
Цената на златото падна на 4.793,82 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 5,9831 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).











