
Американската банка ЏП Морган Чејс објави дека ќе ја прошири својата инвестициска програма вредна 1,5 трилиони долари, насочена кон зајакнување на економската безбедност, во Европа.
Десетгодишната иницијатива за безбедност и отпорност (Security and Resiliency Initiative – SRI) беше лансирана во Соединетите Американски Држави минатиот октомври со цел да се олесни финансирањето и инвестициите во индустриите што се сметаат за клучни за американската економска безбедност и отпорност, објави Ројтерс.
Извршниот директор на банката, Џејми Дајмон, рече дека САД и Европа долго време се потпираат на несигурни извори на критични суровини, нагласувајќи дека заедничкото дејствување е неопходно за зачувување на безбедноста и економскиот раст.











