
На девизните пазари, доларот малку зајакна бидејќи преговорите за прекин на војната на Блискиот Исток не покажуваат знаци на напредок, зголемувајќи ги цените на нафтата и стравувањата на инвеститорите дека глобалните каматни стапки ќе мора да останат на повисоки нивоа за да се ограничи инфлацијата.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 98,13 поени и е во пораст од 0,18 проценти во споредба со претходниот ден.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,25 проценти, на 157,56 јени. Американската валута е претежно стабилна во однос на еврото, кое изнесува 1,1757 долари, исто како и претходниот ден.
Цената на нафтата, од друга страна, продолжи да расте. На лондонскиот пазар, барелот Брент е во пораст за 0,59 проценти, на 104,82 долари, а на американскиот пазар, барелот WTI е поскап за 0,84 проценти, на 98,89 долари.











