Автомобилските гиганти од Детроит укинаа над 20.000 административни позиции

Големите три производители на автомобили од Детроит, Џенерал Моторс (ЏМ), Форд и Стелантис, отпуштија повеќе од 20.000 канцелариски работни места во Соединетите Американски Држави.

Главниот двигател на овој тренд е порастот на вештачката интелигенција (ВИ), која полека, но сигурно ги заменува луѓето во сектори како што се финансиите, ИТ операциите и програмирањето, објавува CNBC.

„Вештачката интелигенција буквално ќе замени половина од сите канцелариски работници во САД“, рече извршниот директор на Форд, Џим Фарли.