Германските инвеститори бараат 15 милијарди евра годишно за стартап компании

Инвеститорите во Германија денес ги повикаа големите институционални инвеститори да ги зголемат инвестициите во стартап компании, проценувајќи дека околу 15 милијарди евра ризичен капитал годишно би можеле да помогнат во заживувањето на германската економија.

Учесниците на состанокот во Берлин тврдат дека недостатокот на капитал за технолошките компании, особено во фазата кога тие сè уште не остваруваат профит, е една од клучните причини за побавниот раст на европската економија, објавува „Виршафтсвое“.

Според инвеститорите, во Европа има доволно ветувачки идеи и стартап компании, но недостасуваат инвеститори кои се подготвени да преземат поголеми ризици во раните фази на развој.