
На издавачот Вабтек МЗТ АД Скопје и на издавачот Неметали Огражден АД Струмица, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачите не постапија согласно член 39, став 5 од Правилата за котација.
На издавачот Интернешнел Хотелс АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Берзанска котација, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на неревидиран биланс на успех – за периодот 01.01.2026-31.03.2026 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, точка 2 од Правилата за котација.












