
Нето надворешниот долг на земјата на крајот на првиот квартал од 2026 година достигна 4.804 милиони евра, што претставува 26,2% од проектираниот БДП, објави Народната банка.
“На 31.3.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.804 милиони евра (или 26,2% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра (4,8%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 68%“, соопшти НБ.
Во текот на првиот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 259 милиони евра и изнесува 9.009 милиони евра, што претставува 49,1% од проектираниот БДП за 2026 година, информира Народната банка.
Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025 година изнесувал 4,586 милиони евра или 27,1 проценти од БДП.











