Инстаграм стартува со веб-профили

41

Инстаграм апликацијата која беше наменета за обработување и споделување фотографии само за корисниците на мобилни телефони, сега ќе добие своја веб верзија и профили што ќе бидат достапни преку интернет.

На веб-профилите корисникот ќе може да ги сподели своите неодамнешни фотографии, како и кратка биографија со фотографија. Освен тоа ќе има можност да ги запознае интересите на другите корисници на инстаграм профилите.

Еве што изјавија од компанијата, која неодамна беше купена од Фејсбук:

Нудиме вакви интернет-профили за да им овозможиме на корисниците полесно споделување на фотографиите со уште повеќе луѓе, како и полесно откривање нови корисници.“