Божиќен ручек за 400 деца од Детската амбасада

47

Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп, на 7 јануари – Божиќ, по осми пат организира Божиќен ручек за 400 деца од Македонија.
“Оваа година на Божиќниот ручек ќе присуствуваат 400 деца од Скопје, Ресен, Битола, Штип, Струмица и Прилеп. На заедничка трпеза ќе седнат деца без родители, деца на бранители, деца со посебни потреби, како и деца-членови на Детската амбасада за сите деца на светот”, рече Александра Северкоска-Стојаноски, извршен директор на невладината организација.
Божиќниот ручек ќе се одржи во прилепскиот хотел Кристал, а поканети се и деца од другите верски заедници кои живеат во Македонија.
За време на ручекот по петти пат ќе биде доделен Орденот за носител на мирот, кој минатата година му припадна на митрополитот Петар.
Оваа година, децата ќе можат да се забавуваат и со децата од фестивалот Ѕвездичка, кои ќе отпејат неколку песнички, како и детскиот хор Мали ангели.