Банкарите и фармацевтите го движат пазарот: Кои се топ 10 најтргувани акции на Македонската берза?

Македонската берза го објави официјалниот полугодишен статистички билтен за првите шест месеци од 2026 година.

Анализата на најтргуваните хартии од вредност на Официјалниот пазар покажува дека акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува апсолутен фаворит на инвеститорите. Со оваа акција е остварен промет од речиси 839,4 милиони денари преку  3.128 трансакции.

Веднаш зад неа, на втората позиција се наоѓа фармацевтскиот гигант Алкалоид АД Скопје со остварен промет од над 392,7 милиони денари.
Трети најтргувани акции се на Македонски Телеком Скопје со 775 трансакции и остварен промет од 193,2 милиони денари, а Макпетрол Скопје оствари промет од 166,3 милиони денари со 474 трансакции. Во првите пет влегуваат и акциите на НЛБ Банка Скопје со 649 трансакции и промет од 165,7 милиони денари.

Кои други компании влегоа во „Топ 10“?

Меѓу најтргуваните акции на официјалниот пазар на берзата во првите шест месеци од оваа година се оние на:

  • Стопанска банка АД Скопје со промет од 80,95 милиони денари ( со просечна цена на акција од: 2.390,57 денари)

  • Гранит Скопје со промет од 39,36 милиони денари (просечна цена на акција: 1.514,46 денари)

  • Реплек Скопје со промет од 34,50 милиони денари (просечна цена на акција: 16.072,91 денари)

  • УНИ Банка Скопје со промет од 30,54 милиони денари (просечна цена на акција: 6.768,59 денари)

  • Македонијатурист Скопје со промет од 29,34 милиони денари (просечна цена на акција: 7.134,04 денари)

Топ 5 најтргувани акции на Официјалниот пазар (јануари – јуни 2026 г.):

Хартија од вредностПросечна цена (денари)Истргувана количинаОстварен промет во БЕСТ (денари)Број на трансакции
Комерцијална банка Скопје27.633,1330.377839.411.6723.128
Алкалоид Скопје25.101,4915.645392.712.7581.724
Македонски Телеком Скопје494,46390.824193.246.663775
Макпетрол Скопје111.200,531.496166.355.995474
НЛБ Банка Скопје56.515,432.932165.703.227

Тргувањето во првата половина од 2026 година покажува дека банкарскиот сектор и фармацевтската индустрија продолжуваат да ја држат лидерската позиција и остануваат главните столбови на кои се потпира довербата на инвеститорите на берзата.

В.Ѓ.