Европските индекси се мешани, се чекаат податоците за инфлацијата во еврозоната

Европските берзански индекси денес се мешани, при што суровата нафта од типот Брент се тргува со цена од речиси 85 долари за барел, додека пазарите чекаат конечни податоци за јунската инфлација во Еврозоната, што може да влијае на очекувањата за следните потези на Европската централна банка.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,5 проценти во 9:30 часот наутро.

Сепак, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,18 проценти, на 10.590 поени, но франкфуртскиот DAX се лизна за 0,47 проценти, на 24.798 поени, а парискиот CAC за 0,38 проценти, на 8.345 поени.