По последните случувања во Турција, кога премиерот Реџеп Таип Ердоган спроведуваше истрага за корупција, министерот за финансии Мехмет Шимшек им даде гаранции на странските инвеститори дека нивните вложувања во земјата се безбедни. Шимшек минатата недела одржа телеконференција со странските инвеститори ширум светот со намера да го спречи негативното влијание на актуелните случувања врз економијата.
Министерот на инвеститорите од САД, Европа и Азија им ги пренел последните случувања и ги убедил дека Турција ќе остане политички стабилна, како и резултатите на макроекономски план и спроведувањето на здрава економска политика, па затоа во тој контекст не треба да ја преувеличуваат загриженоста во врска со земјата и нивните инвестиции во неа.