
Инвеститорите кои се обложуваа на падот на акциите на вселенската компанија Spacex остварија проценета хартиена добивка (нереализирана добивка) од 15,5 милијарди долари (околу 13,2 милијарди евра), според податоците на аналитичката компанија Ortex.
До таков исход дојде откако акциите на компанијата основана од американскиот милијардер Илон Маск паднаа под цената по која беа објавени минатиот месец, објави Ројтерс.











