
Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот БРИКС+, последниот настан од самитот на организацијата во Њу Делхи, изјави дека алијансата станала една од силните движечки сили во процесот на зајакнување на вистинскиот мултилатерализам во меѓународните односи, наведувајќи дека трговијата во рамките на БРИКС веќе достигнала 1,2 трилиони долари.
„БРИКС се залага сите земји, без исклучок, да имаат еднакви и неограничени можности за одржлив и избалансиран економски и социјален раст, за да се обезбеди благосостојба на своето население, а во исто време да ги зачуваат своите уникатни национални култури и традиции и да се придржуваат кон своите суверени модели на развој“, нагласи Путин, објави РИА Новости.
Тој истакна дека голем број земји ширум светот се привлечени од основните вредности и идеали што ги поддржуваат членовите на БРИКС и дека „широкото учество на состанокот потврдува дека вниманието на меѓународната заедница кон активностите на БРИКС продолжува да расте.











