💰 Раст на девизните резерви за 90,2 милиони евра во август

Официјалните девизни резерви на земјава на крајот на август 2026 година достигнаа ниво од 5.101 милион евра, бележејќи зголемување од 90,2 милиони евра во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка.

Според структурата на девизните резерви, најголем дел од средствата се инвестирани во  хартии од вредност, кои учествуваат со 69,4 проценти од вкупниот износ.

Потоа е монетарното злато со учество од 17,2 проценти, додека останатите 13,4 проценти од резервите се чуваат во форма на валути и депозити.