
Компaнијата „Болкангазнет“ неодамна го доби тендерот на Министерството за одбрана на Македонија за снабдување со гас на касарните „Илинден“ и „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Тендерот е со важност од две години, односно од 16.07.2026 до 16.07.2028 и вреди 112.100.000 денари или 1,822.764 евра.
Компанијата се појавува како добитник на тендери и договори за набавка на природен гас преку домашниот енергетски пазар.
ЈП „Куманово-Гас“ Куманово: Компанијата добила два крупни договори за набавка на природен гас во вредност од по 35.400.000 денари (575.610 евра) – едниот во јули/август 2025 година, а вториот во септември 2026 година.
Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје: Во декември 2025 година реализиран е договор за снабдување со природен гас во вредност од 11.000.000 денари (178.862 евра).
Министерство за одбрана: Официјалниот износ на договорот е 112.099.989 денари (1.822.764 евра)

БОЛКАНГАЗНЕТ ДОО Скопје е приватна македонска енергетска компанија специјализирана за трговија, снабдување, логистика и управување со природен гас и електрична енергија за индустријата, бизнисите и домаќинствата во Македонија и регионот.
Преку лиценцирано учество на домашниот и регионалниот енергетски пазар, Болкангазнет врши:
Увоз и извоз на природен гас од странски партнери преку интерконективни гасоводи;
Tрговија и снабдување со електрична енергија на големо и мало, со опција за балансирање и предвидување на потрошувачка;
Консултантски услуги за енергетска ефикасност, оптимизација на трошоци и поддршка при премин кон обновливи извори;
Развој на инфраструктурни проекти во соработка со јавниот и приватниот сектор;
Управување со ризик, хеџинг и прилагодување на договори според пазарните услови.
Компанијата соработува со индустриски корисници, производствени погони, локални комунални претпријатија, трговци и снабдувачи. Сите услуги се прилагодени според профилот на клиентот – од технички параметри до финансиска предвидливост.
Соработката со индустриски гиганти, производствени погони, комунални претпријатија и државни институции е доказ за врвниот квалитет на нивните услуги. Филозофијата на „Болкангазнет“ е едноставна: обезбедување стабилна и чиста енергија таму каде што е најпотребна – сигурно, навремено и под најконкурентни пазарни услови.











