Годишната инфлација во еврозоната се искачи на 3,8 проценти во септември

Според прелиминарната проценка на Евростат, статистичката служба на Европската Унија, се очекува годишната стапка на инфлација во Еврозоната да изнесува 3,8 проценти во септември 2026 година, што е зголемување во споредба со 3,2 проценти во август, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.

Кога станува збор за главните компоненти на инфлацијата во Еврозоната, се очекува дека енергетските производи ќе забележат највисока годишна стапка во септември (18,8 проценти, во споредба со 14,3 проценти во август).

По нив следуваат услугите (3,2 проценти, во споредба со три проценти во август), храната, алкохолот и тутунот (1,4 проценти, во споредба со 1,1 процент во август) и неенергетските индустриски производи (1,1 процент, во споредба со 1,2 проценти во август).

Литванија (6,1 процент), Бугарија (5,6 проценти), Луксембург и Кипар (5,2 проценти) забележаа највисоки стапки на инфлација во август, додека најниска беше во Малта (2,4 проценти), Финска (2,6 проценти) и Латвија 2,9 проценти.