Долгот на Европската Унија би можел да достигне трилион евра до крајот на 2027 година

Долгот на Европската Унија (ЕУ) би можел да достигне трилион евра до крајот на 2027 година, додека во повеќегодишниот предлог за буџетот на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, околу осум проценти од средствата ќе бидат потребни за отплата на долгот настанат преку програмата за закрепнување од пандемијата, изјави денес претседателот на Европскиот суд на ревизори (ЕСА) Тони Марфи.

„До крајот на 2027 година, зборуваме за трилион евра. Тоа е значителна сума“, рече Марфи во интервју за „Репортер“, споредувајќи ја ситуацијата со експрес-лонец.

Според годишниот извештај на Европскиот суд на ревизори за буџетот на ЕУ за 2025 година, вкупниот долг на Унијата изнесувал 738,9 милијарди евра, во споредба со приближно 600 милијарди евра една година претходно.