Деловното расположение во Германија се подобри во октомври, очекувањата на компаниите се зголемуваат

Деловното расположение во Германија се подобри во октомври, првенствено благодарение на растот на очекувањата на компаниите за иднината, според извештајот објавен од Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен.

Вредноста на индексот, кој го мери деловно расположение на германските компании, се зголеми од септемвриските 89,9 поени на 90,2 поени во октомври, иако компаниите ја оценија својата моментална деловна состојба малку полошо, се додава во извештајот.

Во преработувачката индустрија, индексот значително се зголеми, при што компаниите ја оценија моменталната состојба и деловните перспективи поповолно.