
Во Западен Балкан, се очекува економскиот раст да се забрза во 2026 година, со понатамошно зајакнување на овој тренд и во следната година, поттикнат од потрошувачката и инвестициите, според Редовниот економски извештај за Западен Балкан објавен денес.
Економијата на овој регион се покажа како отпорна на шокови и го продолжува трендот на конвергенција со Европската Унија, објави Светската банка (СБ).
Во неа се додава дека на бизнисмените може да им се помогне да создадат нови работни места ако се донесат поефикасни трговски регулативи што ќе им овозможат да бидат поконкурентни на светските пазари.











