
Најголемиот европски производител на автомобили, „Фолксваген“, во четврток објави дека регистрирал загуба од 5,8 милијарди евра во третиот квартал.
Во истиот тримесечен период минатата година, компанијата регистрираше загуба од 1,1 милијарда евра. Вкупните приходи од продажба се намалија за 6,3 проценти, на 75,3 милијарди евра, објави групацијата.
„Резултатите за првите девет месеци јасно покажуваат едно: не смееме да губиме време. Мора да дејствуваме брзо и решително“, изјави финансискиот директор на „Фолксваген“, Арно Антиц, во видео порака.
Приходите од продажба, исто така, се намалија за шест проценти во третиот квартал, повеќе од очекуваното, на 75,3 милијарди евра.
Резултатите го истакнуваат притисокот под кој се наоѓа „Фолксваген“ и потребата од реструктуирање на својот бизнис модел во услови на немилосрдна конкуренција во Кина, милијарди евра годишни царински трошоци и скапо зголемување на производството на електрични возила во Европа, каде што кинеските конкуренти исто така добиваат сè поголем пазарен удел.
Главниот извршен директор Оливер Блуме планира да укине 100.000 работни места во групата, која ги вклучува и брендовите Ауди и Порше. Според неговиот план, до четири фабрики во Германија би можеле да бидат затворени.
Планот наиде на силен отпор од синдикатите, кои се закануваат со контрамерки, а штрајковите се можни од почетокот на следната година.











