Пензиите од утре на сметките: Информација за клиентите на Комерцијална банка

Комерцијална банка ги информира своите клиенти пензионери дека од утре (петок, 30 октомври) започнува со исплата на пензиите за тековниот месец.

Пензионерите кои поседуваат дебитна картичка со своите средства ќе можат да располагаат веднаш од утре, преку непречено плаќање во трговската мрежа, онлајн купување или со подигнување готовина од банкоматите на банката.

За пензионерите кои претпочитаат подигнување на готовината на шалтер, исплатата во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка низ земјава исто така започнува од утре, 30 октомври, и ќе се одвива непречено во текот на сите следни работни денови.