
Македонска берза АД Скопје донесе одлука за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“, со цел дополнително информирање и предупредување на инвеститорската јавност за новите случувања во компанијата.
„Ве известуваме дека Одборот на директори донесе заклучок за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола“ соопшти Македонска берза.











