„Газпром“ повторно го сруши рекордот за дневни испораки на гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека го срушил рекордот за дневни испораки на гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“.

Новиот максимум е забележан на 1 ноември и претставува продолжение на серијата рекордни испораки во текот на октомври, кога „Газпром“ ги сруши дневните максимуми пет пати во текот на месецот.

Испораките се одвиваат во рамките на долгорочен договор за купопродажба на гас помеѓу „Газпром“ и кинеската компанија CNPC, пренесува Интерфакс.