
Годишната инфлација во Бугарија, според прелиминарната „кратка“ проценка, се зголеми во октомври од септемвриските 5,7 проценти на 6,1 процент и сега е највисока во последните пет месеци, според извештајот објавен денес од Бугарскиот национален институт за статистика.
Забрзување на инфлацијата е забележано во повеќето категории на производи и услуги, а најголем придонес сепак доаѓа од транспортот, каде што цените се зголемија за 27,1 процент на годишно ниво, во споредба со 25,9 проценти во септември.
Цените во бугарските ресторани и угостителските услуги се зголемија за 9,8 проценти на годишно ниво, по зголемувањето од 9,5 проценти претходниот месец, додека цените во образовниот сектор се зголемија за 9,2 проценти, во споредба со 7,7 проценти во септември.











