
Нобеловецот по физика, Џефри Хинтон, денес предупреди дека технологијата и вештачката интелигенција (ВИ) би можеле да предизвикаат инциденти од големи размери оваа или следната година.
Хинтон, кој е еден од пионерите во развојот на вештачката интелигенција, за „Гардијан“ изјави дека може да се покаже дека луѓето би биле подобро доколку никогаш не ја развиле технологијата и предупреди дека тоа би можело да предизвика инциденти како што се привремени прекини на електричната енергија во финансиските или енергетските системи.
Тој рече дека не ја промовира технологијата што е основа на неговото револуционерно истражување за вештачки невронски мрежи, дека верува дека вештачката интелигенција има потенцијал да доведе до „прекрасна иднина“, но дека можеби би било подобро никогаш да не била развиена.
Според него, во рок од една деценија, а можеби и порано, човештвото ќе знае дали може да управува со ризиците од технологијата и да овозможи „радикално изобилство“ или нема да може да управува со ризиците, што ќе предизвика „огромен јаз меѓу богатите и сиромашните, огромни културни проблеми, масовна невработеност, едноставно – општество кое се распаѓа“.











