
Надворешниот долг на земјите во развој достигна рекордни 9,4 трилиони долари, додека најсиромашните земји во 2025 година плаќаа највисоки каматни стапки за ново задолжување од 1980-тите, објави Светската банка.
Земјите со ниски приходи, кои имаат пристап до грантови и меки заеми од Светската банка, минатата година плаќаа просечна каматна стапка од 8,2 проценти за нови приватни заеми и 9,4 проценти за новоиздадени обврзници, објави Блумберг.
За споредба, каматната стапка на новите обврзници на земјите во развој со посилни економии во просек изнесуваше 5,5 проценти.











