Современ апарат за бинакуларна конвергентна оптика, денеска и беше предаден во употреба на Општата болница во Охрид, поточно на Одделението за уво, нос и грло од стана на австралиско-македонското лекарско друштво.
Станува збор за техничко помагало неопходно за прецизно дијагностицирање патолошки промени во носната шуплина и во внатрешните делови на увото, како и помагало за микрохируршки интервенции. Во комплетот со апаратите донарини се и спекулуми и инструменти за вршење на помали хируршки интервенции.