
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум, но нагласи дека засега не сака да шпекулира за својот иден ангажман.
Одговарајќи на прашање за можноста за преземање на раководството на организацијата со седиште во Женева, Лагард на самитот Дилбук на „Њујорк тајмс“ изјави дека тоа е „една од можностите“, според „Блумберг“.
Таа додаде дека ќе остане на чело на Европската централна банка до 7 февруари и дека нема планови да се пензионира.











