
Кредитната изложеност на банките во Еврозоната кон центрите за податоци е сè уште релативно мала, но брзо растеше во изминатиот период, поради што е потребен зголемен надзор од страна на финансиските регулатори, изјави денес претседателката на Надзорниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Клаудија Бух.
Таа изјави дека центрите за податоци сочинуваат околу 1,2 до 1,3 проценти од вкупната корпоративна кредитна изложеност на банките во еврозоната, додека само 12 банки имаат значителна изложеност на приватно кредитирање поврзано со вештачка интелигенција, објави Ројтерс.
„Учеството во вкупната изложеност не е големо, но во последниот период растеше релативно брзо и учествува во релативно голем дел од новите кредити“, рече Бух, презентирајќи го годишниот извештај на ЕЦБ за состојбата на банкарскиот систем.












