
Периклис Николау избран за неизвршен член на Одборот на директори на Мермерен комбинат АД Прилеп
Собранието на акционери на „Мермерен комбинат“ АД Прилеп на седницата одржана на 19 ноември 2026 година донесе одлука за избор на нов член на Одборот на директори на Друштвото.
За неизвршен член на Одборот на директори е избран Периклис Николау, државјанин на Република Грција (роден на 16 август 1965 година во Атина).
Според објавената одлука, неговиот мандат ќе трае четири години, сметано од денот на донесувањето на одлуката, која веднаш влегува во сила. Пријавата за упис на настанатата промена во Трговскиот регистар ќе ја поднесе Главниот извршен директор на компанијата.












