Градењето куќа станува сè поскапо: Трошоците во градежништвото за една година пораснаа за 5,1 отсто

Изградбата на нови индивидуални објекти за домување продолжува да поскапува, при што најголем притисок врз вкупната цена врши растот на трошоците за работна сила. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2026 година трошоците во градежништвото за овој вид објекти се зголемени за 5,1 отсто во однос на истиот период лани, а за 1,5 процент во споредба со претходниот квартал.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од 2026 година во однос на претходното тримесечје се зголемени за 1.5 %
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во однос на претходното тримесечје се зголемени за 1.5  %, трошоците за материјали за 0.8 %, a трошоците за вработените за 2.8 %.

Во третото тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 5.1 %, трошоците за материјали за 3.6 %, а трошоците за вработените за 8.2 %.

Во третото тримесечје од 2026 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за:

  • 1.5 % во однос на претходното тримесечје
  • 5.1 % во однос на истото тримесечје од претходната година