
Претседателот и извршен директор на луксузниот конгломерат LVMH, Бернар Арно, ќе може да остане на чело на семејната холдинг компанија Agache уште 18 години, односно додека не наполни 95 години, а неговото семејство дополнително ќе ја консолидира контролата, според најновиот план на компанијата.
Планот предвидува спојување на холдинг компанијата Agache со друга семејна компанија, Christian Dior, чии акционери треба да гласаат за трансакцијата на крајот на декември, објавува Bloomberg.
По спојувањето, речиси целиот удел на семејството Арно во конгломератот LVMH ќе биде споен во една котирана компанија, Agache.











