Во ноември 34.113 туристи во Македонија

34

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2013 година изнесува 34.113, а бројот на ноќевањата изнесува 79.025.
Бројот на туристите во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 1,9%, а бројот на ноќевањата е намален за 1,9%.
Бројот на домашните туристи во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 7,1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 6,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2%.
Во периодот јануари-ноември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3%, а кај странските има зголемување за 13,4%.
Во периодот јануари-ноември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата остана на исто ниво. Кај домашните туристи има намалување за 4,7%, а кај странските има зголемување за 7,8%.