Годишната инфлација во САД се забрза на 3,8 проценти, пазарите очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки

Годишната инфлација во Соединетите Американски Држави, мерена според индексот на лична потрошувачка (PCE), се забрза во октомври од септемвриските 3,7 проценти на 3,8 проценти, што ги зголеми пазарните очекувања дека Американската федерална резерва (ФЕД) ќе ги зголеми каматните стапки на својот декемвриски состанок, според извештајот објавен од Министерството за трговија на САД.

Вкупната инфлација мерена според овој индекс беше во согласност со очекувањата на аналитичарите, но базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, достигна 3,3 проценти, што е за 0,1 процентен поен повисоко од прогнозата, објавува CNBC.

Носителите на монетарната политика обрнуваат посебно внимание на базната инфлација, бидејќи таа дава посигурна слика за долгорочните ценовни притисоци, без големи флуктуации поради промените во цените на енергијата и храната.