
Две нови емисии државни обврзници без девизна клаузула, од понеделник 30 ноември, ќе бидат примени на котација на Официјалниот пазар на Македонската берза, на потсегментот Берзанска котација.
Како што информираат од Македонската берза, котацијата се врши согласно барањето од Министерството за финансии, а двете емисии се издадени на 26 ноември годинава, со поединечна номинална вредност од 10.000 денари по обврзница.
Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 69.900.000 МКД
Број на издадени хв: 66.990
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 26.11.2026
Датум на достасување: 26.11.2028
Каматна стапка: 4,60%
Шифра на тргување: M261128
ИСИН: MKMINF20GDR8
Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 854.750.000 МКД
Број на издадени хв: 85.475
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 26.11.2026
Датум на достасување: 26.11.2041
Каматна стапка: 5,20%
Шифра на тргување: M261141
ИСИН: MKMINF20GDS6











