Во 2014 година ќе се финансираат 134 проекти за рурален развој, а за нив се одвоени 1,045 милијарди денари, што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа и по обем и по квалитет, истакна денеска заменик министерот за земјодество, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски.
При посетата на Зрновци, Коњановски посочи дека преку програмата за рурален развој се реализираат два проекти во оваа општина во вредност од 11,5 милиони денари, од кои еден е за изградба на плоштад во Зрновци во вредност од 4,5 милиони денари и изградба на фекална канализација во селото Видовиште која чини 5,9 милиони денари.
Коњановски додаде дека во однос на подготовките за акумулација пред престојната наводнителна сезона, Владата на Република Македонија ќе ја помогне ревитализацијата на водоснабдителните системи и акумулации, но и дека е потребно земјоделците и водокорисничките здруженија навреме да ги подмират долговите кон Водостопанство за потрошената вода.