Македонските земјоделци на саем во Солун

40

Сто и педесет македонски земјоделци во организација на Фередацијата на фармери на Република Македонија викендов присуствуваа на саемот Агротика во Солун, Грција.
На саемот беа презентирани земјоделска механизација, нови технологии, заштита, семе и саден матријал.
Целта на посетата, велат од Федерацијата, била да се поттикне заедничкото планирање и донесување на одлуки за усвојување и примена на нови земјоделски техники и технологии, кои ќе доведат до подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимализација на количините и зголемување на приходите.