Државиот завод за статистика ги објави индкесите на цените на угостителските услуги во јануари 2014 година, споредбено со декември 2013 година, како и со јануари 2013 година.
Според нивните податоци, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2014 година, во споредба со декември 2013 година, е зголемен за 0,2%.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2% и Безалкохолни пијалаци за 0,4%.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,2%.
Почетна Новости Македонија Цените на угостителските услуги во јануари повисоки за 0,2% во однос на...