Милијардерите позади најскапата Олимпијада

38

Зимските олимписки игри во Сочи се едни од најскапите. Русија за оваа Олимпијада потроши скоро 50 милијарди долари, иако на почетокот било планирано да се потрошат само 12 милијарди.
Но, за се да изгледа онака како што е, според Форбс Русија, заслужни се девет милијардери, кои ја спонзорираат зимската олипмијада во Сочи. Еве кој се има улога во финансирањето на Олимпијадата.

9. Вагит Алекпетров – 15 милиони долари

aptr_vagit

Според Форбс Русија, во моментов се наоѓа на 5-то место за најбогат човек во Русија и е 55-от најбогат човек во светот. Тој е претседател на Лукоил и има 100.000 вработени. Алекпетров за Олипијадата потроши 15 милиони долари за реконструкција на хидроелектрична централа.

8. Андреј Бокарев – 103 милиони долари

416x416

Бокарев е еден од новопечените милијардери во Русија. Тој своето богатство го стекнал од неговиот рудник за јаглен и поседува компанија која произведува локомотиви и вагони. Бокарев инвестираше во столчињата на Арената за уметничко лизгање.

7. Алисер Усманов – 227 милиони долари

usmanov_1671821

Усманов во 2013 година според Форбс бил 34-от најбогат човек во светот. Тој се занимава со инвестирање, минирање на рудници и е телекомуникациски гигант. За Олимпијадата потрошил 227 милиони долари.

6. Виктор Векселберг – 500 милиони долари

aptr_viktor

Векселберг е украински олигарх и сопственик на Женева групацијата. Примарните фокуси му се на нафтата, телекомуникациите, алуминиумот и енергијата. Тој за Сочи потрошил 500 милиони долари, од кои 70% и позајмил на Руската банка за развој и странска економија.

5. Генади Тимшенико – 1,8 милијарди долари

182515633 (1)

Тимшенко е косопственик на Gunvor Group и е претседател на Руската континентална хокеј лига. Тој за Олимпијадата во Сочи инвестирал 1,8 милијарди долари.

4. Владимир Потанин – 2,5 милијарди долари

178219020

Потанин е четвртиот најбогат човек во Русија и 46-от во светот. Тој во Сочи инвестирал во 77 километарска патека меѓу планините, изградба на ски центар кои го чинеле 2,5 милијарди долари.

3. Олег Дерипаска – 3,08 милијарди долари

aptr_oleg (1)

Дерипаска е претседател на најголемата светска компанија за алуминиум, United Company RUSAL. Во Сочи потрошил 3,08 милијарди долари за реконструкција на аеродромот и олимпиското село.

2. Аркадиј Ротенберг – 7,36 милијарди долари

180781528 (1)

Ротенберг е највлијателниот бизнисмен во Русија. Тој е силно поврзан со премиерот Путин, уште од детството, кога заедно тренирале џудо. Во Сочи инвестирал 7,36 милијарди долари.

1. Искендер Макмудов – 8,79 милијарди долари

noul-patron

Макмудов е генерален финансиер на Олимпијадата во Сочи. Тој е вториот највлијателен бизнисмен во Русија. За Олимпијадата Макмудов потрошил 8,79 милијарди долари.