Најголемата соларна електрана во светот почна со работа

209

solarna 1

Најголемата соларна електрана на светот, Ivanpah, која се наоѓа на границата меѓу Калифорнија и Невада, во пустината Мохаве, вчера официјално е пуштена во комерцијална употреба.

Соларната електрана се состои од 300.000 компјутерски контролирани огледала високи два, а широки три метри. Огледалата ја насочуваат сончевата светлина кон врвовите на три кули високи 140 метри, каде водата се претвора во пареа, која потоа ги движи турбините за создавање електрична енергија.

Комплексот се протега на 13 километри квадратни и може да произведе 400 мегавати, што е доволно за 140.000 калифорниски домови. Целиот проект вреди 2,2 милијарди долари.

Соларната електрана е во сопственост на компаниите NRG Energy, BrightSource Energi и Google.

solarna 2

solarna 3

solarna 4

solarna 5