Во извештајот на Европската комисија за употреба на мобилните телефони од страна на земјите членки на ЕУ во текот на патувањата, наведено е дека 94% од жителите на Унијата, поради високите цени на роамингот, многу малку го користат мобилниот телефон, а со тоа и интернетот.
Според овој извештај, 47% од жителите на ЕУ никогаш не го користат мобилниот интернет во друга земја, поради високите цени за роаминг.
Истиот извор наведува дека само 10% од државјаните на ЕУ, при патувања во други земји користат електронска пошта, а додека пак само 5% на роаминг се користи за социјалните мрежи.
Според истражувањата на Европската комисија, само 8% од Европјаните при престојот во други земји го користат мобилниот телефон како кога се дома, а додека пак 30% воопшто не го користат.
Во истражувањето е нагласено дека жителите на Унијата, главно, преферираат да праќаат кратки пораки наместо да разговаат на телефон додека се во странство.
Комесарот за дигитална технологија на ЕУ, Нели Крос, изјави дека е шокирана од овие податоци.
“На основа на резултатите од ова истражување, потребно е да се направат напори за да се намали трошокот за роаминг за државите членики на Унијата во текот на патувањата во други земји. По 2016 година потребно е целосно да се укине дополнителното плаќање за роаминг”, рече Крос.