Работилница за воведување на ХАЦЦП системот во Гостивар

46

Согласно Акцискиот план за поинтензивно воведување на НАССР системот во угостителските објекти, претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Гостивар ќе ја реализираат третата работилница Интензивирање на воведувањето на ХАЦЦП системот во угостителските објекти во Република Македонија.
Работилницата ќе се одржи во Општина Гостивар и на неа ќе бидат претставени основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што НАССР системот пофлексибилно се имплементира.