Хрватската фармацевтска компанија Плива инвестира 200 милиони долари во два нови погони, еден во Савски Мароф, другиот во Загреб. Станува збор за погони за производство на активни фармацевтски супстанции и за изработка на стерилни и суви орални видови на лекарства.
Освен во овие два погони, во овој инвестициски циклус, Плива инвестира и 20 милиони долари во уреди за прочистување на отпадни води и уреди за термичка обработка на процесните гасови за постоечките и идните погони. Преку тие три инвестиции во Плива ќе се вработат преку 200 луѓе, а се очекува индиректно, преку сервиси и доставувачи, да се вработат уште толку, пишува Пословни дневник.