Британски туристи со Синиот воз на Тито ќе ги разгледуваат Србија и Црна Гора

123

1

Британските туристи ова лето на линијата Белград – Бар ќе се возат во Синиот воз на Јосип Броз Тито за цена од 1.300 фунти, а просечната тура ќе трае од шест до осум дена. Железница Србија со ова ќе заработи меѓу 40.000 и 50.000 евра, изјави генералниот директор на ова претпријатие, Драгољуб Симоновиќ. На саемот за туризам во Белград, Железница Србија потпиша договор со црногорската компанија Експлор Монтенегро, преку која туристите од Велика Британија ќе се возат со композицијата на Синиот воз на Тито. Веќе се договорени пет тури и ова лето ќе бидат превезени 300 британски туристи, претежно од повисоката класа.

Британците ќе имаат туристички водич кој со дегустација на домашни вино и ракија, како и специјалитети од домашната кујна, ќе ги запознае со пределите на Србија и Црна Гора, но и со животот на Тито и патувањата со Синиот воз, пишуваат српските медиуми.

2

3

4

5

6