Катар ќе инвестира една милијарда евра во Италија

49

Катар ќе инвестира една милијарда евра во италијанските мали и средни претпријатија, изјави премиерот шеик Хамад бин Јасим ал-Тани, за време на посетата на италијанскиот премиер Марио Монти на оваа земја.

Италијанскиот стратешки инвестициски фонд и Катар холдинг потпишаа договор за заедничко инвестирање до две милијарди евра во италијанските компании. Според договорот, двете страни во првите четири години ќе вложуваат еднакви суми и тоа во прехранбениот и туристичкиот сектор, како и во модната индустрија и индустријата за производство на мебел.

“Веќе имаме четири или пет идеи за инвестирање во Италија што ги разгледуваме во моментов”, изјави катарскиот премиер, без подетално да објаснува за што станува збор.